logo
logo
logo

Јакимовски:

„Душко Весковски БЕГА ПЕТТА ДЕБАТА, а за утре откажа и уште една дебата“

Vecer | 26.10.2021

„Душко Весковски БЕГА ПЕТТА ДЕБАТА, а за утре откажа и уште една дебата“

Јас морам да кажам дека господинот Весковски во вториот изборен круг не кажа две реченици зошто граѓаните на Карпош би требало да го поддржат него, зошто би требало да дадат глас за него. Ова е веќе петта дебата од која што бега, а утре ми ја откажаа и дебатата на ТВ 24, истакна дека Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Јакимовски додаде дека Весковски треба да се појави барем на една дебата за да поразговараат за негативната кампања која ја водат против него. Набиената агенда на Весковски е црната кампања која ја шири помеѓу граѓаните.

„Сите што не се со нив, сите се криминалци. За нив ни Катица Јанева не е криминалец, не е ни Рашковски, не е ни онаа што ги вежбаше магарињата Лидија Димова, не е ни Боки 13. За нив од тие никој не е криминалец. А, сите други останати граѓани за нив се криминалци. Ама зошто не дојдат овде да дебатираме, да разговараме и за нивните работи“, рече Јакимовски.

Јакимовски посочи дека тие од власта и со рекламни спотови и со билборди со негативни кампањи губат.

„Но, да излеземе да се соочат со некој што знае, со некој кој што ја разбира материјата е тоа им е навистина тешко. Поготово вака еден на еден, за да директно граѓаните на општина Карпош оценат кој ја познава, а кој не ја познава материјата, кој лаже, а кој не лаже, кој има нешто што крие, а кој се ќе каже“, укажа Јакимовски.

Јакимовски нагласи дека граѓаните се најдобри судии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk