logo
logo
logo

Весела Чернева на 2 јануари била во Скопје, ја подготвувала средбата Ковачевски-Петков

Vecer | 04.01.2022

Весела Чернева на 2 јануари била во Скопје, ја подготвувала средбата Ковачевски-Петков

Надворешно-политичката советничка на премиерот Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари престојувала во посета на Скопје, потврдиле од Владата за БНТ. Чернева била во Скопје по задача на Петков. Целта била претстојната посета месецов на Петков на Скопје, се посочува во одговорот. Кирил Петков најави дека откако новиот кабинет во Скопје ќе положи заклетва, ќе се сретне со новиот премиер на С.Македонија, Димитар Ковачевски, кој ќе го наследи Зоран Заев. Претседателот Румен Радев за 10 јануари го свика Консултативниот совет за национална безбедност, кој ќе ја разгледа рамката за односите со Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk