logo
logo
logo

Велешанка направила ПУЗДЕР - Се степала со свекрвата, сопругот и синот, ЌОТЕК ДОБИЛ И ПОЛИЦАЕЦОТ

Vecer | 23.11.2022

Велешанка направила ПУЗДЕР - Се степала со свекрвата, сопругот и синот, ЌОТЕК ДОБИЛ И ПОЛИЦАЕЦОТ

Вистинска семејна драма се случила вчеравечер во Велес, кога жена во сопствениот дом нападнала тројца од семејството, а при интервенција и еден полицаец. СВР Велес со детали за настанот.

-На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници, информираат од СВР Велес за Прес24.

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следи соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk