logo
logo
logo

Пратениците од опозицијата ги нема на седницата за пратенички прашања (ФОТО)

Vecer | 29.01.2026

Пратениците од опозицијата ги нема на седницата за пратенички прашања (ФОТО)

Собранието денеска ја одржува 82. седница со единствена точка на дневен ред – поставување пратенички прашања. Вообичаено, овие пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Но, столчињата во салата „Македонија“ каде седат пратениците од опозицијата останаа празни.

Пратениците на СДСМ и ДУИ, како дел од опозицијата во Собранието, денес треба да поставуваат прашања до премиерот и министрите, во име на граѓаните. Тоа им е работа и за истотот земаат високи плати и додатоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk