logo
logo
logo

ВЕЛЕС како Венеција! Истури дожд и направи хаос

Vecer | 25.05.2023

ВЕЛЕС како Венеција! Истури дожд и направи хаос

Вистински хаос остави зад себе големото невреме што попладнево го зафати Велес. Поплавени улици, тротоари и „вештачки езера“ е сликата на којашто сведочат велешани по силното невреме, за кое предупреди и УХМР на социјалните мрежи.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи на велешкиот портал tirekovmirece.com може да се забележат големи количини на вода низ улиците, по кои сообраќаат возила. Моментално, сообраќајот во централното подрачје се одвива отежнато, надлежните препорачуваат внимателно управување со возилата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk