Според резултатите од првиот круг претседателски избори, изјавите на партиските лидери и расположението во јавноста - составот на новата влада е веќе познат и извесен.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека не би се изненадил ако на изборите освојат 61 пратеник.
Како што кажа Мицкоски, она што се случило во првиот круг од претседателските избори на 24 април е успех, а верува дека во среда ќе имаат убедлива двојна победа и очекува граѓаните масовно да излезат.
„Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник. За мене неуспехот не е неуспех. За мене е успех пред се она што се случи во првиот круг“, вели Мицкоски.
Тој денеска уште еднаш потврди дека е сигурен дека нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска-Давкова ќе биде идниот претседател на државата, а коалицијата „Твоја Македонија“ ќе има мнозинство во парламентот.
Мицкоски вчера, во телевизиско гостување, изјави дека не сака да зборува за бројки, но очекува победа и додаде дека идната претседателка би имала повеќе од 500 илјади гласа, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ би имале 55 пратеници