logo
logo
logo

Vecer.mk има повеќе читатели од Vest.mk, Dnevnik.mk и Utrinski.mk заедно

Vecer | 22.06.2014

Vecer.mk има повеќе читатели од Vest.mk, Dnevnik.mk и Utrinski.mk заедно

Што вели официјалната статистика за информативните портали во Македонија

Во светски рамки, најголем дел од информациите кои луѓето ги примаат и забавата која ја уживаат доаѓаат од телевизиите. Тоа внимание подразбира и користење на телевизиите како рекламен простор, па затоа од вкупните пари за реклами, околу 40 проценти одат на телевизиските канали.

Но, во светот последниве десет години најголемо покачување на интерес за информации и забава има за интернет информативните сајтови. Денес тие во гледаноста и читаноста учествуваат со близу 25 проценти, и веќе се пред весниците и радио програмите.

Во Европа, минатата година, според резултати на специјализирана европска компанија ИАБ Индекс на интернет рекламирање во 2013-та се потрошени над 25 милијарди евра, а годишен раст на огласување преку информативните сајтови, во Европа, е околу 12 проценти.

Во Македонија огласувањето на интернет информативните портали е под европските стандарди, па дури и под регионалните, иако кај нас вести и информации на интернет се читаат повеќе отколку во Србија и Хрватска. Тој капацитет се уште не е искористен.

Според рејтинг резултатите на специјализираната компанија за следење, посетеност и читаност на нашите информативни сајтови, Гемиус Македонија, која е главен репер за проценка на маркетинг агенциите за избор на медиум на интернет огласувањето, сајтот на Сител телевизија е убедливо најпосетуван и најчитан од сите телевизиски медиуми во Македонија, со посетеност и користење од околу 26 проценти во населението, што е публика од околу 400.000 луѓе.

Во однос на другите, рејтингот на Гемиус Македонија покажува дека голема посетеност и читаност меѓу стандардните информативни портали со дневни вести, анализи и коментари имаат и порталите Курир, Телеграф, Прес24, Плусинфо, Република, весниците на МПМ, Медиа.мк... а од наредниот месец во рејтинг-листите се вклучува и порталот на дневниот весник Вечер, кој е доминантно најпосетуван од сите македонски дневни весници.

Од агрегаторите на вести, на кои може да се читаат информации од околу 100 медиуми на едно место, Грид има удел од 19,8 проценти меѓу граѓаните, а Тајм и Вести.мк имаат еднаква посетеност од околу 18% удел за секој од нив, што значи дека секој од нив го користат околу 350.000 од граѓаните во Македонија.

Рејтинзите на Гемиус се директни, со целодневен непосреден увид и контрола на секој од сајтовите, и резултатите се јавно достапни на нивниот сајт.

Македонија е земја која има врвни услови за интернет-комуникација, рамни на хрватските кои се лидери во регионот, и секоја година кај нас се бележи раст од 10 проценти во интернет огласувањето на информативни сајтови, а по воведувањето интернет во училиштата се градат нови генерации на кои информирањето преку специјализираните информативни сајтови ќе им биде основна база за добивање на дневните информации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk