Родилката од Дебар, Јилдз Веапоска чии органи ги извади директорот на болницата во Струга при нејзиниот пораѓај, вели дека добивала повици да се помири со д-р Асани, нои потенцира дека одбива и ќе си ја бара правдата до крај и нема да се откаже од кривичната пријава за Асани.

Таа истакна дека органите биле здрави, а таа пред да се случи сетот тоа била здрава и права, додека сега половина човек.

-Од страна на фамилијата, пријатели, роднини на д-р Асани добивам повици да се смириме. Но што да се смирувам, не сум лута, јас си ја барам правдината. Барам да кажат зошто се тргнати тие органи, со која причина, децидна е Веапоска која денеска од Институтот за патологија ги подигна парифинските калапи од извадните органи за дополнителни вештачања со кои уште еднаш ќе докаже дека биле здрави во моментот кога при породувањето со царски рез и се извадени, рече Веапоска.