logo
logo
logo

Само вчера се аплицирани 6.897 вакцини

Vecer | 25.09.2021

Само вчера се аплицирани 6.897 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, велат од Министерството за здравство, и додаваат дека во тек е и теренската вакцинација.

- На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани, велат од МЗ.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. 

 Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. 

 Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk