logo
logo
logo

ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ почнува во спортската сала

Vecer | 27.04.2021

ВАКЦИНАЦИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ почнува во спортската сала

Општина Кавадарци во соработка со министерството за здравство и кавадаречката болница го подготвува пунктот за масовна вакцинација на граѓаните од овој дел на државата, кој ќе биде лоциран во спортската сала „Јасмин“ - информираше денеска градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев.

Тој нагласи дека овде ќе се вакцинираат граѓаните од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес, Градско, Росоман, Валандово, Дојран.

„Во спортската сала ќе бидат поставени 20 пункта за вакцинирање, се подготвува целосна инфраструктура со компјутери, мрежа и се што е потребно за спроведување на овој процес. Очекуваме вакцините да пристигнат во понеделник и веќе од вторник да започне масовна вакцинација“ рече Јанчев и апелираше до сите граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, да добијат термин и да се вакцинираат. Најави дека и тој веќе бил пријавен во системот.

Во рамки на денешната седница, кавадаречкиот совет одобри 1,5 милион денари за општа болница со проширена дејност Кавадарци, средства што секоја година ги одвојува општината од својот буџет за поддршка на болницата.

Градоначалникот во обраќањето пред советниците нагласи дека сосотојбата со корона вирусот во општината полека се смирува и во моментов во болницата се лекуваат 42 пациенти. . Тој искажа благодарност за досегашното работење на кавадаречката болница во справувањето со корона кризата, но и до компаниите кои континуирано помагаат во нејзиното работење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk