logo
logo
logo

УЖАС ВО ВОЛКОВО: Кираџија го убил газдата, а потоа сам си пресудил

Vecer | 24.03.2025

УЖАС ВО ВОЛКОВО: Кираџија го убил газдата, а потоа сам си пресудил

Вистинска драма се случила во скопско Волково. Според дел од медиумите кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и неговиот малолетен син, а потоа се самоубил.

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР, пренесе СП

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk