logo
logo
logo

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот на ССМ

Vecer | 26.06.2022

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот на ССМ

Поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), утре од 7 до 10 часот ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16. Македонска бригада“ во Скопје. Како што соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk