logo
logo
logo

Утре НОВ ПРОТЕСТ пред Влада за случајот ОНКОЛОГИЈА!

Vecer | 24.09.2023

Утре НОВ ПРОТЕСТ пред Влада за случајот ОНКОЛОГИЈА!

За утре е закажан нов протест пред Влада, кога, како што велат организаторите, заедно во еден глас ќе се искаже гневот и револтот против сиот криминал кој со години тлеел на Клиниката за Онкологија, но и во целосниот здравствен и политички систем.

- Бараме задоволување на социјалната правда, и тоа е возможно само ако се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!, велат организаторите.

Планирано е протестот од Влада да продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде ќе се побара ОДГОВОРНОСТ за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаевите.

- Повторно нагласуваме и за тоа дека измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства, доколку ние тоа не го дозволиме. УЛТИМАТУМОТ од минатата недела не е исполнет, особено барањето ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата.

Нашите барања и УЛТИМАТУМ од овој протест, се:

1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев

2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија

3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија

4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија

5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!

6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.

Се гледаме во понеделник во 18 часот!, порачуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk