logo
logo
logo

Цуцуловски со порака до Заев

Уставот не тефтер и нивно семејно наследство, да го отвораат и менуваат кога сакаат

Vecer | 21.06.2021

Уставот не тефтер и нивно семејно наследство, да го отвораат и менуваат кога сакаат

Професорот Љубомир Цуцуловски му порачува на премиерот Зоран Заев дека Уставот не е тефтер и дека крајно време е Заев, заедно со тие околу него, да го сфатат тоа.

„Уште помалку алабаџиски тефтер, кој секој момент може да се отвори и во него нешто ново да се внесе или да се избрише, како што на автократите им е по волја, бидејќи тој не е ниту нивно семејно наследство, ниту нешто што тие го создавале“, вели Цуцуловски.

„Да бидам поконкретен. По последната посета на Софија некои македонски и бугарски медиуми јавија дека од страна на „македонската“ делегација било ветено дека Уставот повторно (по кој пат?) ќе се отворел за да се запише во него придонесот и на бугарскиот народ во изградбата на Република Македонија. Во еден од најчитаните бугарски медиуми „Факти“ пишува:

„Рeпубликa Ceвeрнa Мaкeдoнија e подготвена да го отвори својот Устав и да го запише придонесот на бугарскиот народ, како и на хрватскиот народ во изградбата на нашата држава. Ова го изјави македонскиот премиер Зоран Заев на заедничката пресконференција со својот бугарски колега Стефан Јанев.“

Колку што ми е познато, досега нема јавен демант на ова тврдење. Тоа е знак дека политичката ситуација е повеќе од загрижувачка. Таа е пред целосен колапс на сѐ што е македонско, вклучувајќи ја и самата Македонска Држава. Наедно, господата автократи треба да објаснат кога и на кој начин во Република Македонија едно малцинство прераснало во народ, бидејќи овие господа одамна ги пречекорија сите граници на нормално однесување“, напиша Цуцуловски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk