logo
logo
logo

Уставниот суд во Струга против Рамиз Мерко

Vecer | 18.02.2021

Уставниот суд во Струга против Рамиз Мерко

Сообраќајот во центарот на Струга се наоѓа во политичко-правен ќорсокак. Деновиве изминаа три месеци откако Уставниот суд ја отфрли иницијативата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се спротивстави на одлуката на Советот да се врати двонасочниот сообраќај на главните сообраќајници „15 Корпус“ и „Пролетерски бригади“.

Спорот го поведе Мерко уште во 2019 година, а уставните судии го отфрлија. Но, сообраќајот и понатаму се одвива еднонасочно. Тоа предизвикува негодувања меѓу советниците од опозицијата и кај дел од граѓаните кои бараат да се почитува судската одлука.

„Околу оваа улица гравитираат многу бизниси. Од нивна страна има желба за отворање на оваа улица бидејќи нивните бизниси се во неповолна ситуација“, вели Имер Имери-Алијанса на Албанците-Струга.

„Ова треба да е двонасочна улица. Сега снег имаше, не можеше да се исчисти. Туристи кога ќе има треба луѓето да имаат повеќе простор за движење. Апел до градоначалникот да ја пушти оваа улица двонасочна.“

„Многу се кочи сообраќајот и мислам треба да се врати. Сега треба да правиме цел круг за да се приклучиме за Охрид или за Вевчани, Дрслајца и другите села“, реагираат граѓаните.

Струшкиот Совет на двапати донесе заклучок со кој ѝ наложува на локалната власт да го врати двонасочниот режим на сообраќај, кој беше донесен уште во 2013 година.

Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, градоначалникот Рамиз Мерко, со решение без одлука на Советот, оваа улица ја претвори во еднонасочна, а тоа со една цел, едната коловозна лента од улицата да се претвори во паркинг простор, на кој тогаш јавното претпријатие Еко Струга нелегално наплаќаше паркинг“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Струга.

Алсат денеска побара став од општина Струга за да нè информираат дали и кога ќе ја испочитуваат одлуката на Уставниот, но оттаму не добија одговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk