logo
logo
logo

Уште еден пациент ПОЧИНАЛ ВО БОЛНИЦА ДОДЕКА ЧЕКАЛ да го примат

Vecer | 01.04.2023

Уште еден пациент ПОЧИНАЛ ВО БОЛНИЦА ДОДЕКА ЧЕКАЛ да го примат

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера навечер починал во тетовската болница, затоа што не добил помош од лекарите, објави вечерва порталот на албански јазик Тетовасот. Станува збор за шеесет годишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

– Долу чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе да ни помогне. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне, по некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час – изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот.

Директорот на тетовската болница, Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

– Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот – изјави директорот Плумб Вела.

Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е од 28 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk