logo
logo
logo

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани утринава транспортирани во Шведска

Vecer | 21.03.2025

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани утринава транспортирани во Шведска

Шведската Амбасада на својата Фејсбук-страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска.

– Синоќа во 03:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите погодени, стои во објавата на Амбасадата на Шведска.

Во Шведска во моментов се наоѓаат четворица повредени во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објави телефонски броеви за контакт 24/7 во државите каде што има повредени македонски државјани. За Шведска дежурниот телефонски број е +46 701844605 и +46 768792019.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk