Ново назначената потпретседателка на СДС, Ана Чупеска која како универзитетски професор треба да биде коректив и да дава конструктивни и издржани насоки за подобрување на општествените состојби, a таа се стави во функција на пропаднатата партија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека Чупеска и останатите во СДС треба да знаат дека партијата не можат да ја вратат во живот со штури напади и излитени и веќе слушнати фрази кон власта.
- Чупеска и останатите потрчковци на Зоран Заев во СДС, треба да знаат дека партијата е таму каде што е, поради практикувањето на власта на старо-новите партиски челници и доведување на Македонија подредена состојба и во економски, општествен и морален хаос. Чупеска се става во одбрана на неодбранливите политики на владеењето на СДС кои ја уништија и деградираа државата и институциите, нагласуваат од партијата.
Оттаму прашуваат кој ќе и верува на Ана Чупеска дека ќе работи и ќе придонесе за општото добро, кога како ново поставена потпретседателка на СДС се стави во функција на одбрана на судско политичката и бизнис мафија на чие чело се кланот на Заеви.
- Политиките и седум годишното владеење на СДС, кое што Чупеска го брани и промовира, од државата расели стотици илјади македонски граѓани. Како Чупеска ќе излезе пред граѓаните, а и пред чесните членови на СДС, да ја бара довербата и да нуди решенија за подобрување на состојбите кога таа, сега брани уништено судство со 2% доверба? Штета е што, како универзитетски професор, Ана Чупеска ја добила најдолната задача да го брани неодбранливото и со тоа да се стави во одбрана, како адвокат на судско политичката и бизнис мафија која ја уништи Македонија, стои во реакцијата.
Новата потпретседателка во СДСМ, Ана Чупеска во тв емисија ја обвини власта дека прави упад во судството.
Без да го почитува уставниот принцип за подлеба на власта, отворено се меша во правосудните работи, таргетира, сатанизира обвинители. Не сакам да повторувам како премиерот се однесуваше кон обвинителките навредувајќи ги како жени и тоа заврши со оставка со оставка на Дамева, што воопшто не е наивна работа, рече Чупевска.
Потпретседателката Чупевска нагласи дека веќе има удар во безбедносниот сектор, има удар на судскиот систем и има удар на меѓуетничка основа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата