logo
logo
logo

Угостителите, музичарите и фотографите најавија протести: ПРВИОТ УТРЕ!

Vecer | 18.02.2021

Угостителите, музичарите и фотографите најавија протести: ПРВИОТ УТРЕ!

Министерството за внатрешни работи информира дека на 19.02.(петок), 22.02.(понеделник) и 23.02.2021(вторник) во временскиот период од 14,00 до 17,00 часот во Скопје најавен е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови.

Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.

Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk