logo
logo
logo

Учителката НЕ НАПРАВИЛА НИШТО кога тоа се ПОЖАЛИЛО? Децата што се обиделе да силуваат соученик се ПРВАЧИЊА

Vecer | 12.10.2024

Учителката НЕ НАПРАВИЛА НИШТО кога тоа се ПОЖАЛИЛО? Децата што се обиделе да силуваат соученик се ПРВАЧИЊА

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на детето се случил во дворот на ОУ „Димитар поп Георгиев Беровски“.

Двајцата соученици, како што дознаваат медиумите, се обиделе сексуално да го нападнат користејќи стаклено шише.

Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на медиумите таа не превзела ништо. Обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарски преглед врз детето. С

Во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него.

Како што соопштија вчера од Општината, директорот на училиштето поднесе оставка од лични и морални причини. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор.

Формирана е и комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендирана наставничката одговорна за одделението во кое заедно учеле трите деца.   во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk