logo
logo
logo

Убиство во скопско, сомневања за крвна одмазда во пресметките во подземјето

Vecer | 26.02.2024

Убиство во скопско, сомневања за крвна одмазда во пресметките во подземјето

На патот Горно Блаце – Долно Блаце во понеделникот вечерта во автомобил со автоматско оружје е пукано во повозрасен маж кој подлегнал на повредите.

„Во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи повикувајќи се на првичните информации.

Како што се дознава, станува збор за татко на  Гани Туша,  кој е во притвор поради сомневаања за вмешаност во двојното убиство во „Шиша бар“ во скопскта Стара чаршија и во убиството на Халкидики во Грција кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на таканаречената ривалска група Дуќанџик/Грчец.

Пред убиството на таткото на Гани Туша, како што дознава телевизијата Телма, во раните утрински часови се случил пожар во кафулето „Барон“ во скопски Чаир.

Се потсетува дека името „Барон“ го носи и криминалната група чиј припадник е Гани Туша, поради што се истражува и евентуална поврзаност на пожарот со убиството во Блаце каде е застрелан таткото на Туша, потврдиле за Телма, полициски извори.

Пожарот бил пријавен рано утрово околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-ина минути го изгаснало пожарот.

Војната меѓу двете скопски криминални групи само минатата година резултираше со најмалку 4 убиени во пресметките и заседите во Скопје, Косово и Грција Со уличната гангстерска војна беа поврзувани и нападите врз Штекли во Ист гејт молот, како и повеќе убиства извршени во претходните 12 години. Мотивот за престрелките е борба за скопскиот нарко пазар, беа сомнежите на полицијата која на почетокот на годината направи акција за апсење на членови на групата Грчец.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk