Најостро ги демантираме лагите објавени во Слободен печат дека приведениот македонски дипомат во Мисијата на ОБСЕ во Виена, Миле Миленковски наводно бил роднина на поранешниот дикретор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, се наведува во дописот на семејството до медиумите,.
„Приведениот Младеновски не е во никакво сродство со семејството Мијалкови, ниту пак сме чуле за тој човек. Доколку Сашо Мијалков имал таков роднина сигурно некогаш ќе го споменел или ќе сме го виделе, но ниту некогаш го спомнал тој човек, ниту сме го виделе“, се истакнува во изјавата за јавноста.
Семејството Мијалкови, во продолжение оценува дека „изворите кои ги крие Слободен печат го измамиле“ новинарот и медиумот и ги „довеле во заблуда“, надевајќи се дека информацијата „ќе биде објавена непрофесионално, без да се провери нејзината точност“.
„Се сомневаме дека изворите имаат скриена намера да го тргнат вниманието од себе и сопствената одговорност, инволвирајќи го без никаков аргумент името на Сашо Мијалков“, се додава во писмената изјава.
„Со ваквиот начин на известување ни се нанесува штета на нашиот углед и угледот на Сашо Мијалков и бараме овој демант да биде објавен во целост од страна на Слободен печат” и медиумите кои го преземаа невостинитиот текст. Доколку тоа не биде сторено, ќе бидеме принудени правдата да ја бараме пред институциите“, наведуваат Мијалкови.
Министерството за надворешни работи претходно вечерва потврди дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во македонската мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Србија на 27-ти август 2021 година.
„Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Македонија во Белград. Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство“, информираат од МНР.
Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сѐ додека случајот не биде разрешен.
Како што објави Слободен печат, случајот поради кој Миленковски е уапсен во Србија а баран со меѓународна потерница од австриските власти, имал наводно заднина во безбедносните службим, бидејќи станува збор за сомнителен транспорт на висок ерменски функционер кој со помош на Миленковски и уште двајца македонски дипломати е извлечен од Ерменија со приватен авион кој акедонските дипломатски службеници го обезбедиле „по свои канали“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата