На 08/09.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.И.(31). М.М.(31), А.Р.(27), М.Б.(40), Ј.Ѓ.(32), Д.Х.(19) и 15-годишник, сите од Скопје, А.Д.(35) од с.Сарај, скопско и А.Д.(36) од Република Словенија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата