logo
logo
logo

Уапсен во Скопје осуденик на 12 години затвор за убиство

Vecer | 17.06.2024

Уапсен во Скопје осуденик на 12 години затвор за убиство

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска околу 13:45 часот на улицата „Ферид Мурати“ го лишиле од слобода 29-годишниот Р.Ј . од скопското село Арачиново

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик, информира Министерството за внатрешни работи.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk