logo
logo
logo

Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ

Vecer | 22.11.2024

Уапсен Мухамед Љамалари, висок функционер на ДУИ

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија, Мухамед Љамалари падна во рацете на полицијата, објави Курир.

Според порталот, Љамалари денеска околу 13 часот бил уапсен во хотел на Бит Пазар. Настанот го потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, одговорија од МВР за Курир.

Кривичните дела кои му се ставаат на товар се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Според официјалните информации од истрагата која се водеше, Љамалари тогаш во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал криминалната група.

-Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Во незаконските дела вклучени беа 11 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk