logo
logo
logo

Царината спречи шверц на 20 рачни часовници од познати модни брендови

Vecer | 28.09.2023

Царината спречи шверц на 20 рачни часовници од познати модни брендови

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови се запленети од страна на царинските службеници по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин Ново Село. Часовниците се откриени во картонска кутија за која лицето кое управувало со автомобилот изјавило дека е пратка со лекови која ја испратил негов пријател за болно дете, извести Царинската управа.

По откривање на непријавените часовници лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива.

Од Царинската управа додаваат дека во рамки на своите надлежности и понатаму ќе спроведуваат активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk