Бобан Трпковски, инструктор за заштита од пожари, денеска во „Daily CLick“ на ТВ21 ја истакна важноста на правилната изградба на објектите и примена на стандардите за безбедност од пожари.
Тој нагласи дека законите јасно пропишуваат што треба да се вградува во објектите за да се минимизира ризикот од проширување на пожарот.
Според Трпковски, ова вклучува употреба на специјални материјали за изградба кои можат да издржат најмалку еден час, како и инсталирање на противпожарни бариери и врати кои ќе го спречат ширењето на огнот.
„Законите многу се јасни што трба да се вградат во објекти, колку треба да има противпожарни бариери, врати, со какви материјали да издржи 1 час пожар да не се проширува“, објасни Трпковски.
Меѓутоа, тој истакна дека во случајот со модуларната болница во Тетово која беше зафатена од пожар, ситуацијата била сосема спротивна на стандардите. Според него, болницата била изградена од панел плочи, кои меѓу себе содржат пур пена – материјал кој брзо гори.
„Во случајот со модуларната болница е сосема спротивно, тоа е направено од панел плочи кои меѓу себе имаат пур-пена, и самото име пур значи нешто што брзо гори… Тука во болницата не дека немало противпожарни бариери, имало големо присуство на кислород, еден од оксидантите кои го забрзува горењето, и затоа по примениот повик ние бевме таму некаде 20:10 минути, за пет минути стигнавме, за неполни 3-5 минути беше во целосен пламен и немаше никакви шанси оние кои беа потешко болни да се евакуираат настрадаа“, вели Трпевски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата