logo
logo
logo

Трпе Деановски од УПОЗ СО ПЛАТА ОД 104.000 ДЕНАРИ со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Vecer | 29.03.2025

Трпе Деановски од УПОЗ СО ПЛАТА ОД 104.000 ДЕНАРИ со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

 Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка, рече Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно информациите кои ги имаме, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.

Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари.

Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата.

Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? - Точно 69.

Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години.

Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди.

Народот и работниците ги прочитаа синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, изјави Петрушевски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk