logo
logo
logo

Тројца се повредени - МАЛОЛЕТНИЧКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО „МЕРЦЕДЕС“

Vecer | 02.11.2024

 Тројца се повредени - МАЛОЛЕТНИЧКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО „МЕРЦЕДЕС“

Три лица се повредени вчеравечер во сообраќајната несреќа што се случи околу 20:15 часот на автопатот Тетово – Гостивар на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово“, информираа од СВР Тетово.

Фото: Илустрација, архива

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk