logo
logo
logo

Д. П. Латас

Трите клучни работи од кои зависи иднината на Македонија

Vecer | 22.04.2021

Трите клучни работи од кои зависи иднината на Македонија

Формирање на експертска влада, која ќе гарантира релативно независни избори, крај на процесот на дефрагментација на опозицијата, односно на ударот против ВМРО-ДПМНЕ и судбаната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дали ќе оди во Хаг, се трите решенија, односно клучни работи од кои ќе зависи иднината на Македонија, анализира новинарот Драган Павловиќ Латас за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Првата работа, вели Латас е дека завршува процесот на дефрагментација на опозцијата, процесот на удар по ВМРО-ДПМНЕ, како приватни работи за Мицкоски, лични работи за Николоски, и полека ВМРО-ДПМНЕ се стабилизира.

- Се покажа дека од тоа што беа предмет на удар ништо не е во игра, и опозиција не се растура со тоа кој со кого пиел кафе и се покажа дека се единствена алтернатива. За разлика Левица се покажа како биткоин, можеш да ја видиш на интернет, ама не во живо, рече тој.

Според Латас втората слика е до крај на мај треба да се реши судбината на Али Ахмети, дали ќе оди во Хаг или не и од тоа ќе зависат многу работи, а мора да се размисли што со луѓето како Чавков осудени на 13, 15 или 18 години, и дали ќе добијат шанса за повторување на судење.

Третата работа е дека Македонија треба да очекува и инсистира секој каде може, да добие експертска влада која без разлика дали ќе ја води успешен бизнисмен од типот на Мукаетов, или Сашо Наумовски, или заедно со професори  поранешни експерти, ќе гарантира релативно независни избори и ќе заврши омразата во земјава.

- Важно е првиот да биде докажан и бизнисмен кој нема да мора со луѓе како Рашковски да дели милиони евра. Ако ништо друго од нив можеме да добиеме релативно независни избори, што е доволно за почеток. Можеме да гарантираме дека никој од нив не би ризикувал коминации како со Боки 13, марихуана или Рашковски. Човек со авторитет само на себе. Експертска влада ќе донесе мир и смирување на омразата. Нема да им се свиѓа ни на ВМРО-ДПМНЕ ни на СДСМ, но ќе разберат дека завршува времето на зомбија и хранење на сопствен народ со крв, а не му даваш плата, вакцини или болнцата во Штип на пример не е говотва и ништо во Скопје не е направено, нагласи Латас.

Тој потенцира дека ние како држава сме потпишале со американска амбасада договор за стратешко партнерство кое не е само воено и затоа се отворија прашањата за дрогата и пасошите.

- ДЕА ги отвори прашањата за дрогата, пасошите. Да ја цитирам Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл која вика декка не знаеме дали се 500 пасоши, а Македонија е прецепирана како покровител на нарко бизнис, а трето е дека правосудниот систем е зарробен и и служи на оваа власт. Ова ќе заврши, вели Латас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk