logo
logo
logo

Тригодишно дете ТЕШКОПОДВИЖНО СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА ИЗБРКАНО ОД СКОПСКА ИГРОТЕКА, информира КСЗД

Vecer | 18.06.2024

Тригодишно дете ТЕШКОПОДВИЖНО СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА ИЗБРКАНО ОД СКОПСКА ИГРОТЕКА, информира КСЗД

Tригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го земале, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.

Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.

Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем со девојчето да седи и мајката.

Комисијата донела препорака игротеката да ја отстрани дискриминацијата на начин што ќе им овозможи непречен пристап на лицата со попреченост во услугите и добрата што ги нуди, а ако не го стори тоа, ќе биде пријавена пред надлежен суд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk