logo
logo
logo

Триесетина дечиња од кумановска градинка со симптоми на труење! Службите на терен

Vecer | 10.05.2021

Триесетина дечиња од кумановска градинка со симптоми на труење! Службите на терен

Заболени деца од градинката „Ангел Шајче“ се жалеле на симпоми на труење од храна, институциите вршат увид.

Околу триесетина деца згрижени во кумановска градинка, викендов биле прегледани и побарале помош во болницата и се жалеле на грчеви во стомак, болки, дијареја, потврдија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Три од нив болнички се лекуваат, останатите по пружената терапија се пуштени на домашно лекување. Дел од родителите ги однеле децата и во Скопје.

Од кумановската градинка потврдуваат дека во моментов кај нив се инспектори од Државниот санитарен здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Од градинката, од инспекторатот и од агенцијата, епидемиолошката служба најавија информации во текот на денот.

Од државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека од утринава е почнат вонреден инспекциски надзор. Инспекторите се на терен со екипа на Центарот за јавно здравје Куманово. Надлежните ќе земат брисеви од повеќе површини од објектите, за да се утврди дали изворот на заразата е во градинката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk