logo
logo
logo

ТРЕТ ДЕН ПРОТЕСТ пред Влада, И ЌЕ ТРАЕ!

Vecer | 14.04.2021

ТРЕТ ДЕН ПРОТЕСТ пред Влада, И ЌЕ ТРАЕ!

И покрај дводневните протести пред Влада, претставниците на „Ивент индустријата“ се уште не добија одговор за состанок со Владата на Северна Македонија. Од Ивент индустријата (ИВАП) за МИА изјавија дека ќе протестираат се додека не бидат повикани на состанок со Владата на кој ќе бидат слушнати нивните барања.

Организаторите посочија дека се свесни за економската состојба на државата, но сепак и тие се една од најзагрозените гранки во индустријата како последица на коронавирусот и мерките што Владата ги воведе, а освен шесте месеци помош за плата немаат добиено друга поддршка.

Како членка на  Паневропската Алијанса, ИВАП информира дека тие ќе бидат известени за начинот на кој се третирани, а известувањето ќе биде испратено до Брисел, како и дека Европската Унија навреме препознала дека ивент индустријата е мала, но од големо значење и  преземала мерки да им помогне финансиски.

Протестите на секторот за организација на настани и денеска продолжуваат пред Влада, од 12 до 15 часот и како што велат ќе траат се додека не бидат исполнети нивните барања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk