logo
logo
logo

ТРЕНДАФИЛОВ ГИ КОРИСТИ РАБОТНИЦИТЕ ЗА СВОИ ЛИЧНИ ИНЕТЕРЕСИ и да одработува за СДСМ

Vecer | 14.03.2025

ТРЕНДАФИЛОВ ГИ КОРИСТИ РАБОТНИЦИТЕ ЗА СВОИ ЛИЧНИ ИНЕТЕРЕСИ и да одработува за СДСМ

Портпаролот на СДС и претседателот на ССМ, Трендафилов очајнички продолжува да работи стриктно во интерес на опозицијата, а не на работникот. Благодарeние на СДС тој стана нелегално претседател на ССМ, молчеше додека тие беа на власт и додека граѓаните живееја со 150 денари на ден, а сега како на дугме се појавува во јавноста и ја напаѓа власта неаргументирано, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тој е единствениот синдикалец на кого му штети покачувањето на платите. Само тој и СДС се против зголемување на платите, односно се докажува дека се координирани.

Неговите илузорни барања кои не се поткрепени со анализи и се неаргументирани, туку се воедначени со барањата на СДС, се далеку од реалноста и затоа Трендафилов продолжува да ги пренесува интересите на СДС како нивен портпарол.

Трендафилов треба да одговори дали сам си ја зголемил платата над 1000 евра и дали секој месец троши над 30 илјади денари за службено возило на релација Велес кон Скопје? Дали лицемерноста на Трендафилов е иста како и на СДС?

Портпаролот на СДС Трендафилов, воопшто не знае како е да се биде работник во државата, ниту пак знае како е да се биде во нивна кожа. Него го интересираат само политичките игри сервирани од Бихаќка.

Заврши времето на како до сега, Трендафилов да се соземе, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk