logo
logo
logo

Трајановски: За зградите кај Холидеј Ин ВИНОВНИ СЕ СДСМ, што да има таму да се прашаат граѓаните

Vecer | 27.04.2021

Трајановски: За зградите кај Холидеј Ин ВИНОВНИ СЕ СДСМ, што да има таму да се прашаат граѓаните

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски за дневникот на Сител истакна дека главниот виновник за зградите кои треба да се градат на паркингот кај Холидеј Ин е СДСМ која ветуваше дека нема да дозволи такви градби. Според него што ќе има таму треба да се прашаат граѓаните и да има јавна расправа.

„Кога во 2013 година Општина Центар ја доби СДСМ, а особено 2017-тата година тие им ветуваа на граѓаните дека ќе ја стопираат градбата во Центар особено на големите објекти, ќе направат мораториум и ќе ги променат ДУП-овите. Што направија од тоа? Стопираа делимично, мораториум направија на одредени проекти, меѓутоа мораториум согласно на сите законски прописи тие требаа да направат измена и на ДУП-овите, но тие направиј онака како што тие сметаа дека треба да биде уредено“, рече Трајановски.

Трајановски додаде дека СДСМ му го зема корисничкото право на ПУИК за стопанисување на пакингот пред Холидеј Ин.

„Му го земаа корисничкото право, му дадоа извод од ДУП на инвеститорот, му дадоа да го дооформи земјиштето. Само извод од ДУП не знам дали е во мораториумот или после моратороим. Тоа мора после да си вида службите. Му дадоа да го дооформи земјиштето, и кога Уставен суд го укина ова, огромна документација однесоа во Центар и за многу брзо време Центар оваа документација ја прегледа, и ја даде на Градот Скопје за да се пресметат комуналии и да се издаде градежна дозвола“, рече Трајановски.

Трајановски посочи дека и тој се прашува кој кого лаже. Дали кога беа на изборите и рекоа дека нема да има градби или сега кога им велат на граѓаните па ќе се види, па мораториум е.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk