logo
logo
logo

Трајанов: 16-17 пратеници од коалицијата НЕ СЕ ОД СДСМ

Vecer | 09.03.2021

Трајанов: 16-17 пратеници од коалицијата НЕ СЕ ОД СДСМ

Коалициониот партнер на СДСМ, павле Трајанов од Демократски сојуз вели 16-17 пратеници од коалицијата не се од СДСМ, затоа што  партијата на избори не оди самостојно туку со 23/4 политички партии, додавајќи дека во овој момент парламентот не е функционален.

- И кога ќе ги презентирате резултатите колку СДСМ освоил пратеници, треба да знаете дека 16-17 пратеници не се нивни пратеници, не се членови на СДСМ, тие се членови на други помали политички партии. Меѓутоа во јавноста тоа така не се презентира за жал, медиумите во главно и од парламентарната расправа и од другите расправи пишуваат тоа рекол пратеникот од СДСМ и завршува со тоа, вели Трајанов за Утрински брифинг.

Тој додава дека поради тоа мора да се менува законот, бидејќи не може предност да имаат партиите што се поголеми.

Според него не може поголема партија да има четири минути за реклама, а другите партии и вклучително опозицијата да имаат помалку минути за реклама односно 1/5 од тоа.

- Сите партии треба да имаат ист третман, на ист начин да бидат третирани и финансирани. Секаде во медиумите треба на ист начин да бидат поддржани. Тогаш ќе имаме рамноправен третман на сите партии и услови за политички натпревар – нагласи лидерот на Демократски Сојуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk