Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, во која учествувале две патнички возила. Несреќата била пријавена во ОВР Кичево во 20:00 часот, а во судирот учествувале „Мазда“, управувана од 75-годишниот Д.С. од Кичево, и „Хјундаи“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, зад чиј волан бил 75-годишниот А.С. од селото Преглово, Кичевско. Во несреќата едно лице го загубило животот.
Од здобиените на местото на настанот починал возачот на патничкото возило „хјундаи” А.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мазда”, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „хјундаи”, 15-годишен малолетник од с.Преглово, кичевско и А.А.(21) од с.Пласница, кичевско, констатирани во Медицински центар Кичево и Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кичево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата