logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА на автопатот Тетово-Скопје: Велосипедист удрил во возило и починал

Vecer | 30.09.2022

ТРАГЕДИЈА на автопатот Тетово-Скопје: Велосипедист удрил во возило и починал

Денеска во 13:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, во непосредна близина на Добарски надвозник, велосипед управуван од Н.Р.(55) од Скопје удрил во запрено, поради дефект, товарно возило „фолксваген кратер“, со скопски регистарски ознаки.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал велосипедистот, а смрт констатирала екипа од тетовската Брза помош.

Увид извршиле екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk