logo
logo
logo

ТРАГЕДИЈА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Пронајдени тела на две починати лица

Vecer | 24.10.2021

ТРАГЕДИЈА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Пронајдени тела на две починати лица

Во текот на вчерашниот ден околу 09:30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на место викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, Гевгелиско, биле пронајдени тела на две починати лица, најверојатно мигранти.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.

По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk