logo
logo
logo

Трагедија: Дете во Гостивар починало на фудбалски тренинг

Vecer | 04.10.2024

Трагедија: Дете во Гостивар починало на фудбалски тренинг

На малолетник му се слошило на тренинг, со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот.

Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk