Вчера попладне беше пронајдено безживотното тело на 27-годишната М.Ф. од Кратово пред зграда на улицата Миле Поп Јорданов во Скопје, каде што девојката престојувала.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во полиција во 16:12 часот.
-Полициски службеници излегоа на местото на настанот и беше потврдено дека станува збор за пад од висина. Лицето беше пронајдено починато, што беше констатирано од екипата на Итната медицинска помош, соопштија од МВР.
По насоки од јавен обвинител, телото на починатата беше предадено за обдукција. Од полицијата додаваат дека во тек е истрага за расчистување на околностите поврзани со случајот
Мотивите за несреќата засега се непознати, а дополнителни информации се најавени по завршувањето на истрагата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата