logo
logo
logo

Тошковски за Кочани: Сега нема амнезија како порано, СЕ РАБОТИ ПОИНАКУ, НАД 50 ОСОМНИЧЕНИ ИМА, ДУРИ И ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Vecer | 14.04.2025

Тошковски за Кочани: Сега нема амнезија како порано, СЕ РАБОТИ ПОИНАКУ, НАД 50 ОСОМНИЧЕНИ ИМА, ДУРИ И ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски оценува дека амнезија имаше во минатото, кога за несреќи каде што загинаа 75 луѓе, МВР не поднесе ниту една кривична пријава против ниту едно осомничено лице. Не се согласува дека има амнезија околу истрагата за трагедијата во кочанската дискотека. Вели дека се постапува по над 50 осомничени лица. Смета дека истрагата е отиде далеку и им честита на обвинителите за досегашната завршена работа.

Тошковски смета дека има вина и во МВР за непостапување во последните година дена и затоа поднесени се кривични пријави против 7 полициски службеници. Можно е повеќе полицајци да бидат дел од истрагата.

-Јас работам во интерес на граѓаните. Досега за она што е сработено од ЈО, гледам посветеност и 11 обвинители како се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови во МВР, кажа првиот полицаец во државата во изјава за медиумите по настанот Ден на Царинската управа – 14 април.

Запрашан дали доколку кај претходните министри кои биле на чело на МВР, се најдат пропусти во делувањето, Тошковски рече дека ќе се постапи.

-Ова МВР поинаку работи од претходните, додаде министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk