На подрачјето на СВР Штип приведени се тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Сите се исклучени од сообраќај, а против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера на улицата Гоце Делчев во Штип е приведен С.О. (50) кој имал 1,99 промили алкохол во крвта.
Ноќеска во 02.45 часот на булеварот Македонија во Делчево приведен е 18-годишниот Д.С. кој имал 1,62 промили алкохол во крвта.
На улицата Александар Македонски во Македонска Каменица приведен е Д.В.(34) кај кој е констатирано дека возел со 1,53 промили алкохол во крвта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата