СВР Струмица поднесе кривична пријава против градоначалник
на општина Богданци и вработена во Одделение за урбанизам при Општина
Богданци.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>
Имено, првопријавениот во својство на градоначалник на
Општина Богданци, во периодот од 17.05.2021 до 15.06.2021 година по претходно
спроведена јавна набавка и договор склучен со најповолен економски оператор, со
средства од буџетот на Општина Богданци извршил изградба и реконструкција -
поставување на бехатон на КП 9458 КО Богданци која е во приватна сопственост,
без да се спроведе постапка за експропријација, на начин што свесно оваа
парцела ја прикажал како дел од улица "Крсте Мисирков" во Богданци
бидејќи за истата нема и не може да има соодветна дозвола за градба и на тој
начин спротивно на ДУП на Општина Богданци, спротивно на Закон за
експропријација и без соодветна дозвола за градење , со буџетски средства
бесправно е изградена приватна КП 9458 КО Богданци, во корист на нејзините
сопственици, а на штета на буџетот на општината.
Второпријавената вработена на работно место помлад
соработник - урбанистички планер во Одделение за урбанизам и градежништво во
Општина Богданци со овластување дадено од првопријавениот, задолжена како
одговорно лице за следење на текот на постапката за изградба и реконструкција
на улици на територија на Општина Богданци, иако била должна да знае дека
наведената КП е во приватна сопственост, дека согласно ДУП за Општина Богданци
на истата не може да се вршат градежни активности, бидејќи нема соодветна дозвола
за тоа и не е спроведена постапка за експропријација, сепак го пропуштила
надзорот кој била должна да го спроведе со несовесно постапување во вршење на
своите законски овластувања и во ниту еден момент не реагирала на незаконските
постапки со што овозможила бесправно со буџетски средства да се изгради
приватна парцела КП 9458 за КО Богданци во корист на нејзините сопственици, а
на штета на буџетот на Општина Богданци.
Со горенаведеното првопријавениот сторил кривично дело
"Злоупотреба на службена положба и овластување" и "Бесправно
градење"