logo
logo
logo

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО! Еве какво време не очекува деновиве

Vecer | 24.05.2021

ТОЛКУ ОД СОНЦЕТО! Еве какво време не очекува деновиве

Времето во земјава денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Според УХМР, во следните денови ќе преовладува значително топло време. До вторник ќе биде сончево и стабилно со локална облачност. Во вторник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со засилен јужен ветер. Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а оваа нестабилност ќе се одржува и во четврток преку денот особено на истокот од земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk