logo
logo
logo

Мицкоски

Тие кои тргуваат со дрога се ВОЈСКАТА НА ЗАЕВ КОЈА ПОТКУПУВА ИЗБОРИ

Vecer | 16.04.2021

Тие кои тргуваат со дрога се ВОЈСКАТА НА ЗАЕВ КОЈА ПОТКУПУВА ИЗБОРИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека луѓето кои се денес во Влада ова не можат да го разберат и дека овие луѓе кои прават трговија со дрога е војската која потпкупува на избори.

- Овие лица кои што се денеска во Владата не можат тоа да го разберат затоа што ние на овие избори предупредуваме за тој командир на полицијата во Прилеп со што се занимава и како се занимава, тоа е војската на Зоран Заев  која што на избори уплашува, притиска, уценува и поткупува во униформа.  Овие луѓе се тие кои поткупуваат на избори кои што се закануваат, оценуваат и притискаат, рече Мицкоски.

Мицкоски прашува зошто баш марихуаната е поврзана со шоферот и семејството Заеви?

- Ние за самиот проект со марихуаната одамна предупредуваме уште од самиот почеток дека Македонија ќе стане наркохаб во Европа. Давани се лиценци 20-30 ги има може и повеќе. Тоа е лудило. Пред некој ден бев во МАСИТ и ме воодушевија неколку бројки, да речеме годишно компаниите односно бизнисот со икт индустријата во Македонија направиле обрт една милијарда евра извоз, Заев споменуваше дека сите овие компании ќе бил околу 200 милиони евра. Мислам дека треба нив да ги стимулираме и да видиме што и  треба, да им помогнеме да овие луѓе таму ни дрога има, ни опојни дроги има ни загадување ништо нема, истакна Христијан Мицкоски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk