logo
logo
logo

Тежок плагијат е од никого посакуваната КУЛА ПРЕД ХОЛИДЕЈ ИН

Vecer | 13.04.2021

Тежок плагијат е од никого посакуваната КУЛА ПРЕД ХОЛИДЕЈ ИН

Според последните најави, по се изгледа, ќе се градат бетонски грдосии на паркингот пред хотелот Холидеј ин во центарот на Скопје.

Против ова целосно затрупување со бетон на центарот на Скопје беше најголем дел од јавноста, општина Центар се обиде да го блокира проектот но, таму лежат многу пари за заинтересираните страни, дури и за МПЦ, па Уставниот суд реши дека нема пречки скопски центар да се бетонира.

Како архитект на прокетот се јавува лицето Мартин Пановски, син на поранешната новинарка Ана Пановска, активист на СДСМ во нивните јавни настапи.

Иако вакво залевање со бетон на едниствениот празен простор во центарот на Скопје предизвика широк револт во јавноста, реакции од невладиниот сектор немаше. Многумина одговорот за ова го видоа во фактот што сопруга на спомнатиот архитект Мартин Пановски е - Фани Пановска, шеф на македонската Сорос оргаизација Фонд за отворено општетство.

На забелешката дека јавноста е против ова масивно залевање на скопксиот центар со бетон архителтот Пановски, на Телма, арогантнои одговори: тоа е џавкање на 50-60 души по фејсбук!

Инаку, неговиот проект е целосен плагијат! на идејниот за проект за Зелената кула во Грац од 2020 година.

Непотизмот и корупцијата на најјако: СЕ БАРА МАСЕР ЗА СОВЕТНИК ВО ВЛАДА!

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk