logo
logo
logo

Тетовец приведен зашто си ја претепал ќерката

Vecer | 10.02.2021

Тетовец приведен зашто си ја претепал ќерката

Жител на Тетово е приведен од полицијата вчера попладне откако неговата ќерка го пријавила дека физички ја нападнал неколку часа пред тоа.

-Вчера во 17 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец А.Т., постапувајќи според пријава од 16 часот, според која околу 13 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка, информираат од СВР Тетово.

Тетовецот бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот  ќе следува соодветен поднесок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk