logo
logo
logo

Тетовец бил вакциниран, но ПОЧИНАЛ од КОВИД-19

Vecer | 27.07.2021

Тетовец бил вакциниран, но ПОЧИНАЛ од КОВИД-19

Во тетовската болница починал 62-годишен пациент кој бил заразен со ковид-19, иако претходно имал примено две дози од вакцината на „Синофарм“. Раководителот на тамошниот ковид-центар, д-р Гзим Нуредини, во изјава за Телма вели дека станува збор за човек кој имал три потешки хронични болести и дека најверојатно затоа не создал имунитет против ковид-19.

- Се работи на пациент на 62-годишна возраст, кој имал хронична бубрежна инсуфициенција, висок крвен притисок и кардиомиопатија. Бил вакциниран на 6 јули со „Синофарм“ и бил примен кај нас со тешка клиничка слика и поради и други коморбидитети пациентот почина. По вакцинирањето секако може да се случи инфекција и при имуниот одговор на вакцинацијата можеби имунолошката одбрана не била комплетна или пак, кај пациентот заради овие хронични болести не можел да се креира имун систем против ковид-19. Но, тоа не треба да биде демотивирачко за населението, се уште важи тоа дека е најдобро да се вакцинираатвели Нуредини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk