logo
logo
logo

Тешка сообраќајка кај пехчевското село Чифлик, го сечеле лимот за да го извадат шоферот

Vecer | 28.11.2022

Тешка сообраќајка кај пехчевското село Чифлик, го сечеле лимот за да го извадат шоферот

Четири лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа помеѓу две возила кај пехчевското село Чифлик. Несреќата се случила околу 18:00 часот помеѓу „фиат пунто“ и „хјундаи галопер“, а веднаш по дојавата интервенирала единицата на Територијалната противпожарна единица од Берово.

– Дојавата за сообраќајката ја примивме околу 18:10 часот по што тројца пожарникари со едно возило се упати на лице место Интервенирано е со хидрауличен алат за да може да биде изваден еден од возачите кој се наоѓаше во возилото фиат „пунто“. Возачот потоа е предаден на службите на Итната медицинска помош – информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Возачот на автомобилот фиат пунто заедно со останатите повредени се транспортирани до најблиските клинички центри, потврдија од Итната медицинска помош во Берово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на МВР Берово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk